Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Објавено August 17, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од најзапоставените и најзагрозените малцинства во Европа, вели Евгенија Нацулиду, претставничка на организацијата „Крсте Мисирков“ од Грција.

„Официјалната позиција е дека во Грција нема малцинства, освен муслиманската заедница во Западна Тракија, која е призната со Лозанската спогодба.

Но, дури и таа заедница не е признаена во Атина, Солун или на островите Коз и Родос, каде што исто така постои“, нагласува Нацулиду во интервјуто за весникот „Приморски дневник“ (дневен весник кој на словенечки јазик се издава во Трст, Италија) .

Според неа најголемиот дел од Македонците кои јавно ја изразуваат својата припадност живеат во Централна и Западна Македонија.

„Грција ја оспорува нашата култура и јазик, тврдејќи дека македонскиот е само дијалект на бугарскиот. Но, ако е така, тогаш би требало да ја признае барем бугарската заедница – нешто што никогаш не го направила“, додава Нацулиду.

Според неа, Грција од 1923 година до денес не признала ниту еден словенски јазик, иако со протокол на тогашното Друштво на народите беше обврзана да обезбеди заштита на малцинствата на териториите стекнати по Првата светска војна.

„Овој документ е ратификуван, но и по повеќе од еден век Грција одбива да го спроведе, и покрај нашите постојани барања“, вели таа.

Нацулиду неодамна присуствуваше во Нови Сад на конференција на ФУЕН (Федерална унија на европските националности, во која членуваат повеќе од 100 организации кои ги ги претставуваат етничките, јазичните и националните малцинства во Европа). Организацијата „Крсте Мисирков“ е членка на ФУЕН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина
Следна Статија Снаа сакала да ја убие бабата на сопругот – ја гушела со перница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски: Ќе се кратат места во МВР, има повеќе функционери отколку работници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека ќе се кратат работни места во…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?