Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување
ЕКОНОМИЈА

Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување

Објавено October 1, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Во првата половина од годинава вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 456 милиони евра, што претставува пораст од 34,3% во однос на истиот период минатата година, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ).

Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 255,1 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 21,4%. При тоа од македонски иматели на платежни картички кон домашните е-трговци направена е вредност од 231 милиони евра, што претставува пораст од 19,7%, додека од странци направена е вредност од  24 милиони евра со пораст од 40,8% во однос на истиот период минатата година.

Од друга страна, Македонците во странство направиле онлајн трансакции во вредност од 201 милиони евра односно 55,1% пораст во однос на истиот период минатата година.

– Трендот на растот на трансакциите кон странските е-трговци најмногу се поврзува со појавата на Тему, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки – вели претседателката на АЕТМ Нина Ангеловска Станков.

Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 13,8 милиони трансакции што претставува пораст од 33,8%. Најголем пораст на бројот на онлајн трансакции има кон странските е-трговци остварени од домашни платежни картички, односно направени се 6,1 милиони трансакции, или за 75% повеќе во однос на минатата година.

Просечната трансакција на вкупните онлајн трансакции изнесува 33,2 евра, скоро исто како и минатата година. Поголем раст на бројот на онлајн трансакциите во однос на вредноста на онлајн трансакциите е забележан кај купувањата од домашните иматели на платежни картички кон странски е-трговци, што доведува до пад на просечната трансакција од 11,3 %, со што оваа вредност е дури помала од просечната трансакција на домашните онлајн купувачи кон домашните е-трговци.

Во текот на првите 6 месеци од 2025 година, регистрирани се 120 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје
Следна Статија Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена…

December 13, 2024

Baidu ја одвојува својата единица за semiconductors, Kunlunxin, за листинг во Хонг Конг

Baidu најавува план за издвојување на својата вештачка интелигенција за semiconductors подружница, Kunlunxin, на Хонгконшката берза.

January 3, 2026

Убер и Лифт подготвени да тестираат роботакси во Обединетото Кралство во партнерство со Баиду

Кинескиот технолошки гигант Баиду најавува планови за воведување на автономни возила во Лондон преку партнерства со Лифт и Убер, со…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?