Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата
МАКЕДОНИЈА

МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата

Објавено February 20, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во просториите на Министерството ја прими донацијата од Сојузната Република Германија, вредна околу 600.000 евра.

– Во Министерството за внатрешни работи денеска ја примивме вредната донација од Сојузна Република Германија, во присуство на амбасадорката Петра Дрекслер, со што уште еднаш се потврди силното партнерство и меѓусебната доверба меѓу нашите две земји. Станува збор за опрема во вредност од околу 600.000 евра – моторни и специјални возила, термовизиски камери, компјутери и софтвери, уреди за проверка на документи, која директно ќе придонесе за поефикасна заштита на границите, поуспешна борба против организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и за унапредување на форензичките капацитети –  соопшти Тошковски преку социјалните мрежи.

Фото: МВР
Фото: МВР
Фото: МВР

Министерот нагласи дека значењето на оваа поддршка не се огледува само во опремата, туку и во пораката што ја носи – дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во обезбедувањето сигурност и стабилност за граѓаните.

– Преку заедничките обуки и размената на искуства градиме модерна, професионална и европска полиција. Искрена благодарност до Сојузната полиција на Германија и до Амбасадата на Германија за континуираната поддршка. Продолжуваме заедно да ја јакнеме безбедноста и институциите на нашата држава, – посочува Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата
Следна Статија 20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Арсовски

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел на граѓаните како Света вода, предупредува свештенкот Димитар…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања испрати недвосмислена порака до официјална Софија – без вклучување на…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него граѓаните треба да бидат…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?