Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ
ПОЛИТИКА

МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ

Објавено June 27, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи (МВР) тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Богданка Кузеска.

Од денешната прес-конфееренција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска / Фото: Принтскрин
Повикувајќи се на јавно достапни информации, таа рече дека веќе е ангажирана фирма, без какво било искуство во оваа област.

„Фирмата досега правела студии за отпад и стадиони, а сега треба да прави студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши“,кажа портпаролката на СДСМ.

Кузеска посочува дека во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците, што е крајно сомнително и несоодветно.

„Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто? Сѐ ова се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително“,вели таа.

Според неа, МВР сака да го централизира целиот систем, од производство до издавање документи, без контрола, без надзор, без јавност, без сертификати, а тоа додаде дека не е модернизација, туку рецепт за злоупотреба.

„Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО насовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање“,праша таа.


Кузеска упати и директни прашања до министерот за внатршни работи Панче Тошковски, зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен серитфикат и кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање на нови документи непосредно пред изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“
Следна Статија Петар Богојески ќе предава на Воената академија во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче за новиот гувернер: Славески нема да биде независен

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика.…

May 22, 2025
ПОЛИТИКА

Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ со ДУИ

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување на подкастот „Претрес“ зборуваше за подготовките на партијата за претстојните локални избори, потенцијалните…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Колку чини дневно одржувањето на јахтата на Филипче: За гориво 1800 евра, екипаж 500 евра…

Класична СДС матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него,…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Деспотовски од СДСМ до СДСМ: Ако не ми се извините, ќе ве тужам!

Јован Деспотовски кој веќе подолго време е во конфликт со раководството на неговата партија СДСМ, повторно се огласи на социјалните…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?