Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Објавено June 16, 2025 16:12
Сподели
Сподели

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Како што изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, крајниот рок до кога банките би ги поднесувале понудите се уште не е дефиниран.

На новинарска констатација дека се уште нема проект за брзата пруга врз основа на кој би се барале пари, Димитриоска Кочоска напомена дека таа можеби има „некакви информации“. Притоа, ги упати медиумите детали за тоа дали има проект или не, да прашаат во Министерството за транспорт.

-Во каква форма и што значи да се има проект е нешто што мислам дека треба да го прашате Министерството за транспорт. Вие велите немаме проект, но јас имам некакви информации. Ве молам прашајте во Министерството за транспорт, јас не сум министерот што го прави проектот. На Влада сум добила информации, ме задолжиле, сме ги кажале своите видувања по однос на Информацијата што сме ја добиле и не задолжиле да си продолжиме постапка во прибирање податоци. Имаше премногу шпекулации периодов и мислам дека треба од Министерството точно да ви одговорат да или не – какви податоци има, зашто штом Информација дошла на Влада, значи внатре ставиле податоци, подвлече Димитриоска Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оддал службена тајна: Полициски службеник доби кривична пријава
Следна Статија Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства

Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во виртуелни односно крипто-средства. Менувачниците задолжително да го применуваат…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%

Во месец јануари имаме раст од 1,4% раст на индустриското производство, очекувам раст на истот во првиот квартал и не…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?