Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност
ПОЛИТИКА

Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност

Објавено October 17, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри.

„Мојот претходник, Тимчо Муцунски постави високи стандарди, кои не обврзуваат да следиме. Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно, по мерка на секој жител на нашата општина. Оваа програма не е напишана во некоја канцеларија. Ја создадовме заедно, со вас граѓаните на Аеродром. Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализираат своите идеи. Убава средина, безбедни улици, достапни услуги, секојдневие што е поквалитетно и посреќно. Во исто време градиме училиште, градинка и спортска сала нешто што не се случило никогаш претходно, а се случува благодарение на поддршката на претседателот Христијан Мицкоски“, рече Митески.

Митески истакна дел од проектите на изборната програма.

„Без поддршка од градот и без централна власт ние работевме. Чистевме, садевме, градевме затоа што љубовта кон Аеродром не може да се запре. Во секоја населба од Мичурин до Долно Лисиче, предвидуваме нови инвестиции во инфраструктурата, културата, образованието и спортот. Зелената офанзива е нашето знаме, Аеродром е најзелената општина нашата гордост, и таква и ќе остане. Секое дете во градинка да, тоа е реалност и ќе биде остварена. За првпат добиваме кино и театар место за култура, радост и талент, Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски, а спортот останува наш белег, МЗТ и Вардар се симболи на љубов, традиција и успех, воведуваме нула комуналии за изградба на прв дом за сите млади. Но пред се Аеродром ќе остане мирно, сигурно и достоинствено место за живеење“.

Ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за Аеродром да биде уште поубаво место за живеење.

„На 19 октомври, направете го изборот што значи работа, чесност и иднина, ајде заедно да го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење, Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“, дециден е Митески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сè повеќе тинејџери користат протеински додатоци, стручните лица предупредуваат за можните ризици
Следна Статија Трамп не сака да ги осиромаши американските залихи од ракетите „Томахавк“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ФОТО) Сопругата на Ѓорѓиевски носи брендирана чанта од 30 илјади долари – велат од СДСМ

Сопругата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на вчерашниот настан во Македонската филхармонија по повод 100 дена од неговиот мандат се…

February 20, 2026
ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР?

Порталот дознава дека службениот и-мејл и телефонот на извесниот Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?