Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Објавено May 20, 2025 15:36
Сподели
Сподели

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа, а тоа е кои се проектите коишто се финансирани од страна на буџетот и во првиот, но и потенцијалните коишто ќе бидат финансирани од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, тоа го кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за локална самоуправа, рече денеска Премиерот Мицкоски во Делчево.

Јас само сакам да кажам дека многу е важно да се гради Македонија насекаде, без разлика дали градоначалник е од редовите на владата или е од редовите на опозицијата. Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација.

Се надевам дека ова е само еден момент на слабост на СДСМ и дека во другите општини каде што има градоначалник од редовите на СДСМ или од опозицијата кога ќе појдеме да ги промовираме овие проекти коишто се за граѓаните, ќе повторам не за политичките партии, дека сепак ќе имаме градоначалници коишто се денеска во политичките партии коишто се опозиција.

Така што да сумирам им честитам на делчевчани за новите проекти.

За тие проекти коишто дополнително ќе се реализираат со вториот повик, отприлика 6 до 8 пати повеќе ќе се финансира во Општина Делчево од тоа што е годишниот буџет на општината за реализирање на капитални инвестиции и тоа е добро.

Така што еве уште еднашка нека ни е напомош денот, сепак денеска го славиме Разловечкото востание и затоа сме тука и да се радуваме на реализираните проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ
Следна Статија Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Голем пожар во Ѓорче Петров

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот/влезот во Скопје се прекриени со густ чад, јавуваат повеќе…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри во Штип и на патот Велес-Катланово

Намалена видливост поради магла од 100 до150 метри има во Штип и на патниот правец Велес-Катланово. Од АМСМ информираат дека…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?