Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Објавено April 24, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и посочи дека во моментов 68 лица се опфатени меѓу кои има актуелни функционери, што во време на СДСМ беше невозможна мисија, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Не мислев дека можете толку ниско да се спуштите и се уште да се обидувате да се качите на бранот на колективната трагедија која ја зафати државата. Барем пратеничката група на СДСМ има најмалку право да зборува за морал. Што се однесува за оставките за 5 месеци од денеска ќе започне кампања за локални избори и граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија продолжува и во каква форма. Граѓаните ќе кажат. Тоа што играте на картата на кратко помнење и континуирано ги навредивте граѓаните мислејќи ќе добиете политички поени, ве советувам, не, нема да добиете, туку губите, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.

Премиерот Мицкоски му појасни на пратеникот дека истрага води обвинителство и обвинителството кажува кој треба да биде приведен, а не владата.

Нека ви кажат сопартијците за модуларната болница, за Ласкарци и за Беса Транс колку беа опфатени со истрага и колку кривични пријави беа поднесени во тој момент. Ако не ви кажат, набргу од денеска ќе има расправа во Собранието и ќе слушнете од другите колеги пратеници и зошто, кој и како. Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас, не владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат. Седум години не затворавте, не приведувавте и до ден денеска ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше. Издржавме и затвор е за мажи, а во нашиот случај и за жени. 68 лица досега се опфатени во истрагата од страна на јавниот обвинител, обвинителството и сите кои се задолжени за ова. За разлика од модуларната болница, Ласкарци , Беса Транс каде починаа 75 наши сограѓани имаше нула. Овде има 68 лица, дали ќе бидат 168 ќе каже обвинителството, не јас, не министерот за внатрешни работи, туку обвинителството заедно со судот одредуваат, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека да нема дилема ако обвинителот рече дека треба да се приведат високи функционери од оваа влада, ќе се случи тоа

Премиерот Мицкоски додаде дека да нема дилема ако обвинителот рече дека треба да се приведат високи функционери од оваа влада, ќе се случи тоа.

Еден член на владата е во притвор. Во ваше време тоа беше невозможна мисија. Повикани на информативен разговор високи функционери од страна на обвинителството, не од моја страна, не од страна на министерот за внатрешни работи. Истите обвинители и судии кои вие ги биравте, вашиот Совет за јавни обвинители и Судски совет кои вие ги биравте, не ВМРО-ДПМНЕ и треба работите правилно да се кажуваат, македонската јавност треба да ја знае вистината. Актуелен градоначалник е притворен, во време на СДСМ тоа беше невозможна мисија, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека нема да се заборават случаите како модуларната болница, Беса Транс и Ласкарци и дека нема да помогне ниту шверцерски поминатиот Кривичен законик со европско знаме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок
Следна Статија Тор Педерсен – првиот човек кој посетил 203 земји без да користи авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање

Ова е непристоен предлог. Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже еднострано,…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Електродистрибуција по невремето: Санирани се 90% од дефектите, без струја беа над 2.300 трафостаници

Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата. Поради…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?