Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

Објавено May 24, 2025 09:54
Сподели
Сподели

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува. Браќата Кирил и Методиј уште тогаш ја промовирале визијата дека силата на еден народ и држава е во образованието и науката и неговата писменост. И токму благодарение на нивната духовност, посветеност, денеска и ние можеме да ја развиваме сопствената култура, образование и наука на мајчиниот јазик, пишува премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Нашата заложба е преку образованието кое е темелот за опстанокот и развој на една држава да создаваме идни генерации кои ќе продолжат да ги негуваат вредностите на Македонија. Овие двајца браќа, благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. Таа борба за право на свој глас, право на своја духовност, е основата на нашата вековна борба за самостојност, идентитет, и национално достоинство. Нивната мисија продолжува преку секој ученик што учи да чита, секој писател што твори, секој наставник што пренесува знаење. Тие не се само минато — тие се вековен мост кон иднината, вели Мицкоски во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најави ли газдата на Денвер заминување на Јокиќ?
Следна Статија Легија, Хајдук и Динамо се најдобрите навивачи во светот, кои се останатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите.…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?