Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Објавено November 28, 2025 13:59
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации дека во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување на пензиите од наредниот месец и дека судијата известител веќе ставил потпис на конечен извештај за укинување, а тоа и го кажал на собраниската седница за пратенички прашања. Дали тие информации се точни, посочи премиерот, ќе се види многу скоро и оти би сакал да не е во право.

– Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линерното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец. Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право. Тоагаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензинери. Некој друг има поинакви намери, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“ во организација на Институтот за комуникациски студии.

Вчера Мицкоски на седница за поставување на пратенички прашања рече дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката, како што истакна, веќе била потпишана.

– Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така вториот столб на тој архитип на судството едно време, и којшто соучествува во онаа чанта од брендот Луј Витон, се тие на коишто денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите, рече премиерот Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Тој истакна дека судијката на Уставниот суд, според последната информација, ја има потпишано одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите.

Потоа Уставнот суд излезе со информација дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите.

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот.

-Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, посочија оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот, уверуваат од ПИОМ
Следна Статија Раст на индустриското производство од 2,8 отсто во октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители

Владата не треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за да го разреши републичкиот јавен обвинител Љупчо…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?