Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите

Објавено January 8, 2026 15:06
Сподели
Сподели

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ги предложи за лидерската средба со првите луѓе на парламентарните партии на 14 јануари напладне во Клубот на пратениците за што формална покана ќе биде испратена денеска или утре. Мицкоски претпладнево во изјава за медиумите рече дека нивен приоритет не се изборите, туку реформите и проектите.

– Јас мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин како политички фактори ќе можеме да се обединиме, барем сите оние парламентарни партии и коалиции што имаат формирано пратеничка група во рамките на Собранието, рече Мицкоски.

Коментирајќи го одбивањето на присуството на средбата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и обвинувањата дека се бара алиби за предвремени избори, премиерот рече дека граѓаните на неодамна завршените избори јасно кажале каде е поддршката, а пред нешто повеќе од една година јасно се изјасниле која политичка опција ја поддржуваат.

– За нас, оваа тема е апсолвирана и нашиот фокус останува исклучиво на реформите и на напредокот на државата и подобрување на стандардот за живеење на граѓаните, рече Мицкоски.

Во одговорот на новинарското прашање по отворањето на градинката во Гевгелија, премиерот рече дека тема на оваа лидерска средба не треба да биде само Законот за Владата, односно укинување на техничката влада.

– Ако ние одлучиме така да се однесуваме незрело и неодговорно како што тој се однесува (Филипче) и, генерално, опозицијата, тогаш нам и не ни е потребна лидерска средба. Со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за Владата и да ја избришеме техничката влада, не ни треба мислењето на опозицијата. Но, ние сакаме процесот да биде инклузивен и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско во парламентот, така што ако сакавме да се однесуваме незрело како што тие се однесуваат, но и неодговорно, можевме тоа да го направиме и без таа лидерска средба, рече Мицкоски.

На лидерската средба сакал да се разговара и за законите, кои се дел од реформската агенда, а кои ќе бидат во парламентот, меѓу кои е и Изборниот законик, потоа уште четири други закони во делот на правосудството – за јавнообвинителската и за судската служба, за јавните обвинители и за Судскиот совет.

Според него, опозицијата е неодговорна, неконструктивна и безидејна.

– Во ред, претпоставувам и ваквото негово (Филипче) однесување, на ваков тип на обраќање во јавноста, е составен дел од неговиот менаџерски договор што го има потпишано како претседател на СДСМ, па претпоставувам дел од обврските што треба да ги одработи, а се содржани во тој менаџерски договор, се и ваквите навреди кон Владата и одбивањето вакви средби, но тоа е негов избор. Ние сепак формално денес или утре ќе ги доставиме поканите, рече Мицкоски.

За премиерот пораките од СДСМ се збунувачки, а однесувањето нејасно.

– До неодамна тие бараа лидерска средба, а сега кога има, ја одбиваат, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“
Следна Статија Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи Нанев во МВР, што му должи?

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово

Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово на „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, негира дека имало средба…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Потребен е ветинг за политичките партии да не прераснат во јавни обвинители или во судии, изјави претседателот на политичката партија…

February 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?