Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови

Објавено February 14, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Денес во Минхен, претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

На средбата се разговараше за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата конечно да се отворат вратите на ЕУ.

Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

-На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители.

Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Инаку средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем
Следна Статија Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања испрати недвосмислена порака до официјална Софија – без вклучување на…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на состанокот на шефови на држави и влади „Акаба Процес Балканот III” во Софија, оствари средба…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Не се јаде црвено“ – Денеска е тежок празник – Отсекување на главата на Свети Јован Крстител

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. На празникот Отсекување на главата, треба да се…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?