Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

Објавено May 26, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Во рамките на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој, според анализите, е втор загадувач.

На надзорната расправа се истакна дека железничкиот транспорт не само што е економски најефикасен туку има и најмали импликации врз загадувањето на воздухот и Владата презема сет мерки во таа насока со цел да се набават еколошки модерни средства за јавен превоз и модернизација на железничкиот систем во државата.

„Како Влада почнавме и веќе е во завршна фаза, преку Министерството за транспорт, објавувањето јавна набавка, преку која ќе бидат купени 120 електрични автобуси. Ценам дека тоа е многу важно не само за главниот град туку и за другите општини, кои имаат организиран јавен градски превоз и тие пропорционално ќе бидат донирани од Владата, се разбира со целосна инфраструктура за полнење на тие автобуси“, рече премиерот.

Тој дополни дека во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.

„За оние батериски системи, во струката познати како резервоари за полнење електрична енергија, досега имаме царинска стапка од 15 %, а ЕУ има 2,7 %. Со тоа автоматски секој оној што сака да инвестира и да придонесе да имаме поздрава животна средина плаќа многу повеќе од своите колеги во ЕУ. Има низа сетови на мерки во таа насока. Исто така, тука се и изградбата на железничките коридори 10 и 8, каде што, за жал, од страна на нашите соседи има многу малку посветено внимание на Коридорот 8, но се надевам дека и тие набргу ќе бидат свесни дека треба да го задвижат во делот на железничката инфраструктура. Ние планираме модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Гостивар, модернизација и реконструкција на пругата од Коридорот 10, од Табановце до Гевгелија, со изградба на нов колосек, што значи ќе имаме два колосека. Работите се движат. Не може преку ноќ да ги завршиме сите работи кои со децении стоеле, но ценам дека во овие 11 месеци доста од работите се придвижија“, заклучи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште
Следна Статија Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд избран за судија во Апелациониот суд Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство

Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?

Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22:00 часот?, прашуваат од „Во одбрана на Буњаковец“…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?