Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Објавено July 25, 2025 16:23
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави жесток обид да поврати барем малку од она што претходно било распродадено од претходниците, за кои рече дека единствено што правеле биле национални предавства и потпишување на сите документи што им биле ставани на маса.

Продолжуваме, посочи денеска Мицкоски, жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик.

-Можеби тоа е само во нивната микроорбита на измеќари на туѓи интереси и предавници од највисок ков и тоа се покажа и докажа во минатото. Владата на СДСМ и ДУИ единственото нешто што го правеше, покрај тоа што го знае најдобро – да краде, тоа беа националните предавства и потпишувањето на сите документи што им беа ставани на маса. Станува збор за национално исплакнати луѓе кои освен кариера и да го крадат народот а потоа да уживаат од тоа што го краделе ништо друго не им преостанува. Тоа што го прави оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е токму жесток обид да се поврати барем малку од она што тие го распродадоа и го вадиме на виделина сето она за кое што досега ако некој имал каква било дилема верувам дека отсега ќе нема, а ние продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик, рече Мицкоски, на новинарско прашање на настан по повод пуштање булевар во Гевгелија.

Премиерот порача дека нема посвето нешто од тоа да се бориш за својот народ, за своите граѓани, за својата татковина, и да го повратиш, како што рече, тоа што оние претходни квинслинзли за жал, го продадоа за да можат да уживаат во дебелите црвени килими и кожните фотелји и да се богатат на грбот на граѓаните.

-Но, тие нека продолжат со таа политика, а ние ќе продолжиме со политиката на одбрана на македонскиот идентитет и одбрана на интересите на граѓаните и Македонија како држава, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска
Следна Статија Грета Тунберг во посета на Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вајарот Филип Новески ќе изработи биста за Илчо Гоцевски, кочанскиот херој

Вајарот Филип Новески ќе изработи биста за Илчо Гоцевски, кочанскиот херој кој со натчовечки напори 11 пати возел од Кочани…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен собраќаен режим утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците

Наместо да се преполнуваат гробиштата со храна, да се нахрани некој што навистина е гладен. Со овој јасен и емотивен…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?