Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин

Објавено November 18, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија.

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.

– Сосема изненадувачки за мене е што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад врз мене насочи копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, и вие. Можеби е случајност, коордиоиниран напад кон МНР од Ангел Димитров и Реџеп Исмаил. Некои велат во политиката не треба да верувате во случајност но јас ќе одберам добра верба дека ова е случајно координиран напад, рече Муцунски.

Шефот на дипломатијата повтори оти верува дека Комисијата треба да биде водена од поединци кои импутот кој ќе го внесат е базиран на нивни научни познавања, знаења и факти и оти секој политички одговор што тој би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата.

– И од таа гледна точка верувам дека Комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Кога цените како се поставила нашата надворешна политика ќе видите дека секогаш велиме дека не сме за отстапки по секоја цена и дека клучно прашање кога го земаме во предвид одлучувањето во однос на сите политочки прашања поврзани со Бугарија се зашитата на македонскиот идентитет, културна посебност и историја. Точно е дека од другата страна на границата постојат поединци кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик, но затоа гледате дека ние повеќе од година и половина сме цврсто поставени по однос на овие позиции. А по однос на работата на Комисијата таа треба да работи исклучиво врз основа на факти и аргументи и целосно независна и оттргната од влијанието на политиката. Во таа смисла секој политички одговор што јас би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата, рече Муцунски.

Смета, како што дополни, „дека Димитров често го прозива сакајќи да го провоцира, да даде некоја политичка констатација за потоа да рече – еве ја македонската Влада директно се меша во академската слобода и независност“.

– Верувам дека тоа не било вашата намера, дека сте биле доборнамерен и ве интересира какви се позициите на Владата. Еве ви велам Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскот идентитет, јазик и историја, истакна Муцунски.

Пратеникот Исмаил, искоментира дека министерот „се обидува да ја избегне политичката одговорност со тоа што Комисијата ја гледа како некоја научна и академска работа“.

– Верувајте, во нејзината поставеност во сите документи, и последниот протокол и францускиот предлог и Договорот за добрососедство нејзините заклучоци имаат иманентни политички последиици. Се работи за суверенитетот кој е политичко прашање. Вие не можете да кажете дека не се мешате во комисијата, рече Исмаил.

Тој му постави прашање на министерот и „По кој основ ги пратил на цензура учебниците за петто и шесто одделение во Бугарија?“, што Муцунски го оквалификувано како „дезинформација и лажна вест“.

– Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Нашите државни институции не пуштиле ништо, ниту учебник, ниту докумет во Софија на т.н амин. Не се случило такво нешто, наведе шефот на дипломатијата.

Точно е, посочи, дека треба да имаме дијалог со сите наши соседи и оти треба да работиме на затворање на сите отворени прашања, но точно е и дека не смееме и немаме право да го правиме тоа по секоја цена и на штета на нашите национални интереси.

-Целосно верувам дека професорот Ѓеоргиев заедно со неговиот тим знаат како треба да функционират, а тоа е – слободно, независно и врз основа на знаењета и фактите кои тие ги имаат на располагање. Тоа може да биде комисија која ќе работи долги годни и нема да постигне заклучок, ќе дискутира, ќе дебатира по однос на одредени прашања и природно ќе има развој на настаните кој може нема да биде секогаш на задоволство на другата страна. Но. тие дискутиарат врз основа на историски факти и нивните научн и поснзвања. Знам дека би биле најсреќни да се докаже дека вашата теза е точна, дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка, но набројте една отстапка од таква природа што е направена во последната година, рече Муцунски, дополнувајќи дека верува оти пратениот не е кординиран со историчарите во Софија.

Исмаил, во коментар на одговорот од министерот рече дека нема никава координација и оти има поддршка од него а ќе ја обебзеди и од Левица „против ваквите агресивни напади на македонскот јазик и идентитет“ поради што и му предложи државава да се повлече од Комисијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат
Следна Статија Платежната агенција доби ново раководство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци,…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Студен бран од север доаѓа во Македонија

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во објава на „Фејсбук“ зборува за значењето на државотворноста како темелна вредност на секое…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?