Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите
ЕКОНОМИЈА

МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

Објавено October 9, 2025 16:48
Сподели
Сподели

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, соопшти Министерството за финансии.

Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.

Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, се наведува во соопшението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка
Следна Статија Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бинанс дозволил сомнителни сметки да работат по договорот со САД во 2023 година

Протекувани документи покажуваат континуирана активност и покрај врските со терористички мрежи и неуспешни проверки на идентитет

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?