Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори
ПОЛИТИКА

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Објавено July 24, 2025 10:07
Сподели
Сподели

Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови формално регистрираа заедничка платформа со која, како што се наведува во денешното соопштение, ќе се борат против желбата на партиите да ги истиснат независните граѓански иницијативи од изборниот процес.

-Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби. Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава, се наведува во соопштението од Шанса за Центар.

Повеќе граѓански организации – вклучително и Зелен хуман град, како што информираат, разговарале за формирање заедничка партиска платформа за здружен граѓански настап, но Зелен хуман град одлучил самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.

-Ние останатите остануваме верни на вредностите на солидарност, заедништво, инклузивност и доверба. Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов, се наведува во соопштението од Шанса за Центар.

Во следниот период тие најавуваат дека ќе споделат повеќе информации во врска со процесот на поддршка и ќе ги претстават листите и кандидатите.

-Сите граѓани без разлика на градот на живеење, ќе можат да ја дадат својата поддршка за нашата регистрација, посочуваат од Шанса за Центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија  „Сè е мртво!“ Американец отиде на најскапото грчко острово, па се разочара
Следна Статија (Видео) Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион во Русија: Имало околу 50 патници, меѓу нив и деца, нема преживеани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Бујар нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите…

June 28, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?