Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Објавено June 10, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше изјавите на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која обвини дека ваков тип на фабрики ќе се гради на територијата на Општината.

Стојковски смета дека ова е обид на Арсовска да создаде хаос меѓу граѓаните.

-Со тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики сака да создаде чувство на несигурност во јавноста и паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено да се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија, изјави градоначалникот Стојкоски.Претходно Данела Арсовска, преку соопштение на Град Скопје објави дека тие уште во февруари, минатата година, не дале согласност за градба на три индустриски објекти – хемиски фабрики и дополнително над 30 висококатници, со кои ќе се пренатрупал за двојно повеќе бројот на жители дозволени во тој дел на градот.

Арсовска соопшти оти проблемот е што хемиските фабрики планирано е да се градат во заштитната зона Нерези – Лепенец, каде што се бунарите од кои вода пие цело Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убиецот (21) од Грац оставил проштално писмо: Убил девет ученици во училиште, а потоа си пресудил
Следна Статија Топлотен бран во Индија, измерени 47,3 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје утрово остана без вода

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур

Осумдесет и две години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур, беа одбележани денеска во Кавадарци. Пред неговата семејна спомен…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?