Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет
ХРОНИКА

Нема застареност за набавката на „Аудито“, Мерко останува обвинет

Објавено March 5, 2025 17:47
Сподели
Сподели

Поради смена на судиите,одново почна судењето за спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“,судски процес кој се влече од месец април лани.Новименуваниот судија го отфрли барањето на правните застапници на Мерко според кои ова кривично дело е застарено, објави Алфа.

„Со оглед дека веќе претходно беше донесено решение од колешката што го водеше предметот дека не се прифаќа приговорот, бидејќи расправата почнува од ново јас повторно ја донесов истата одлука бидејќи сметам дека има прекин на рокот на застареност.Од тие причини расправата ние ја отворивме и почнавме со изведување на доказите” рече судијата Јордан Јованов

Делото застарува во 2028-ма година,а струшкиот градоначалник се гони за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 служени возила меѓу кои е и луксузното ауди, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.Како сведок на одбраната се појави Нада Бојаџиева од државниот завод за ревизија.Ревизорскиот извештај од 2018-та година адвокатите на Мерко го толкуваат дека немало незаконитост во постапката за набавката на возилото.Останите двајца сведоци не се појавија, едниот имал семејна слава, другиот наводно бил болен.Судијата напомна дека повеќе нема да ги толерира ваквите образложенија.

„Да, бидејќи на што беше дадено не сметам дека се оправдани причини и согласно закон судор може доколку смета дека сведокот одбегнува да се појави да ја искористи механизам за негово доведување во судот” рече судијата Јордан Јованов

Инаку,поради здравствени причини на обвинителот, беше одложено рочиштето за спомен плочата.Скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда го седна Рамиз Мерко на обвинителна клупа. Во обнителениот акт стои дека како градоначалник во март лани, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Двете судења продолжуваат на 9 април. Против Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија
Следна Статија Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Скопје: Почина десетмесечно бебе

На 06.12.2024 околу 16.45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот,…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Се степале малолетници, па завршиле и со пукање

На подрачјето на Центар малолетник вчера околу 19:30 чаот бил физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот подоцна на…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Расте агресивноста кај младите: Истепале доставувач на храна, па му го одзеле ранецот

На 29.08.2025 во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен…

August 30, 2025
ХРОНИКА

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје

Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?