Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Објавено March 15, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството за транспорт веќе работиме на подобрување на локалните патишта во населените места и овие средства се надвор од оние 100 милиони евра што Владата ги обезбеди за сите општините за реализација на капитални проекти, истaкна вицепремиерот Александар Николоски кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други членови на Владата денеска означија почеток на реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка.

Инвестицијата за реконструкција на овој локален пат е вредна 63,5 милиони денари од кои 59,2 милиони денари се обезбедени преку Mинистерството за транспорт, а 4,3 милиони денари со кофинансирање на општината.

Во продолжение изјавата на вицепремиерот Николоски:

„Од тука споделуваме две добри вести. Едната е дека привршуваме со реконструкција на локален пат во село Студеничани, 840 метри е вкупната должина и второ во тек е тендерска постапка во село Моране за реконструкција и целосна изградба на нов пат во должина од 1,3 км. Двата одат преку средствата што Министерството за транспорт ги обезбеди преку кредитот на Светска банка и ова е дополнително на подршката што Владата ја даде минатата година, а и оваа година исто така и ќе дава силна подршка за општините во годините што доаѓаат“, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани
Следна Статија Среде Скопје пукале во малолетник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ви посакувам празникот да го минете во…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави

Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. -Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?