Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Објавено December 2, 2025 11:25
Сподели
Сподели

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на отворањето на Националнатата конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје.

Патната инфраструктура што ја креираме, Николоски рече дека мора да биде безбедна по дизајн со цел да ги минимизира ризиците и да понуди услови за безбедно движење за сите.

Николоски на конференцијата ги наброја стратешките проекти на Министерството за транспорт во насока на постигнување безбедност во сообраќајот, посочувајќи дека во Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна цел за намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50 проценти до 2030 година.

Се унапредува, како што рече, националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија, се соработува со општините за развој на локални проекти, а меѓу останатото изработен е Правилник за велосипедска инфраструктура.

Николоски најави дека следната година на Коридор 10 треба да се примени Интелигентен транспортен систем за што веќе завршува тендерот, како и дека се работи на слична апликација за таков систем на Коридор 8.

– Сето ова бара многу време, посветеност и финансии, но најважно од се координација и пред се подобрување на културата кај граѓаните, се соочуваме со феномен со кој сите се за почитување на законот се додека законот не се однесува на нив, рече Николоски.

Апелира сите да се насочат кон долгорочни цели и истакна дека спасувањето на човечките животи нема цена.

Конференција продолжува со обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Горан Ангеловски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крај на емитувањето Netflix од Samsung телефон на телевизор
Следна Статија Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Ќе ги прифатиме барањата за надзорна расправа и Анкетна за трагедијата во Кочани, но проширена и со другите трагедии

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешната министерка за култура за Универзална сала

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?