Денеска 11 затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегаа од затворот во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана, а еден од нив е уапсен, објави канцеларијата на шерифот
Во соопштението се наведува дека е во тек целосна операција на пребарување и дека секој што им помогнал на затворениците да избегаат ќе биде повикан на одговорност.
Исчезнувањето на затвореникот е забележано за време на рутинско пребројување во затворот во Њу Орлеанс, објави телевизијата ABC.