Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани

Објавено June 6, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени.Се работи за Ангела Бошковска (24) и за Андреј Георгиев (23) кои попладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна реконструкција, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во нашата држава.

Ангела и Андреј изразија бескрајна благодарност до лекарите во УКЦС за нивната грижа и пожртвуваност при нивното лекување. Во име на официјално Скопје, благодарност до лекарскиот персонал во УКЦС изрази македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски. Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС изрази благодарност до српските власти и министерот за здравство Златибор Лончар како и до македонските власти.

– Изразувам и благодарност до македонските власти кои секојдневно беа во контакт со нас, како и на македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски кој постојано водеше грижа за состојбата на пациентите. Еве денеска ги отпуштаме последните двајца пациенти кои ги лекувавме во Ургентниот центар. Седумнаесет пациенти беа примени на 16 и 17 март со повреди здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани. Сите беа згрижени и лекувани во Ургентниот центар“, рече д-р Стојичиќ.

Тој додаде дека сите пациенти кои биле примени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија преживеаја и беа успешно лекувани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000
Следна Статија ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојковски: Двојно зголемен буџетот на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во интервју за МИА истакнува дека двојно зголемен е…

June 27, 2025

Nipah вирусот: Клучни информации за јавното здравје во Индија

Преглед на Nipah вирусот: Карактеристики, превенција и моментални случаи во Индија

January 31, 2026
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести

Познатиот доктор епидемиологот и професор Драган Даниловски нотира дека и ова лето комарците се во офанзива и потсетува дека станува збор за…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?