Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Објавено March 23, 2026 10:14
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари. Поради тоа, како што рече, Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.

Одлуката, како што потенцира, стапува во сила од вечер на полноќ и ќе важи во наредните две недели.

– Очекуваме дека одлуката на РКЕ би била зголемување на бензините 95 и 98 октани од 86,5, односно 88,5 денари на 93 односно 95 денари, а на дизел горивото од 92 на 102,5 денари. Како одговорна Влада што се грижи за стандардот на граѓаните, но и целокупната состојба на државата, денеска на Владина седница донесовме одлука да се намали данокот на додадена вредност на бензините и дизел горивото од 18 отст на 10 отсто. Доколку ова се земе во превид тогаш очекуваме цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар, рече вчера премиерот Мицкоски.

 

Нагласи дека ОКТА како најголем снабдувач веќе има даде попуст од 2 денари по литар на трговците со нафтени деривати поради што горивата на најголем дел од бензинските пумпи во земјава се продаваат по цена пониска за два денара од максималната цена што ја определува РКЕ.

 

Порача дека очекува оти во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство Сања Божиновска ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници.

 

-Со тоа очекувам во суштина да имаме пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ што би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари, рече вчера Мицкоски и нагласи дека очекува РКЕ да ја има предвид оваа одлука на Владата и оти нема значително да ја зголеми цената на бензините, туку ќе се движи во рамки на пресметките согласно вообичаената методологија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп
Следна Статија Цената на нафтата вртоглаво расте

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заштедете пари во 2026: Microsoft Office Professional за еднократна цена

Ослободете се од месечните претплати со паметно решение

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени,…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?