Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отчет за сработеното во првата година на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отчет за сработеното во првата година на Владата
МАКЕДОНИЈА

Отчет за сработеното во првата година на Владата

Објавено June 23, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа, плодовите на работата на Владата допрва ќе се чувствуваат.

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н

-Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат. Секогаш блиску до народот и за граѓаните. Утре се гледаме на отчетот на првата година од Владата на промени во 20:00 часот. Една година од новиот почеток, една година градење темели, една година за тебе! Доаѓа Времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените, истакна вчера Мицкоски. 

Како што посочи, првпат после седум години, учебната година 2024-2025 година почнала со испорачани учебници, над еден милион примероци биле поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок.  Обезбедени се, напомена, 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година.

-Одобрени се 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина, 500 милиони евра за бизнисот и капитални проекти за општините. Македонската економија на четврто место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска… и многу други работи. Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Собранието на 23 јуни минатата година со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра Владата, на чело со Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. 

Во Владата има вкупно 20 министерства. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри. Во владиниот состав има само три жени, министерките за финансии, за образование и наука и за енергетика, рударство и минерални суровини, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска и Сања Божиновска.

 Христијан Мицкоски е 13-тиот премиер, кој ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
Следна Статија Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!

Тие наследија многу, многу предизвици. Дури мислам дека и претходната влада би се согласила дека проблемите се огромни и има…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина од 3,1 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?