Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони
ХРОНИКА

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони

Објавено April 9, 2025 14:25
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.

– Имаме работа со вмрежена група на вработени по затворите и затворениците. Ако успееме дел по дел да ги отстраниме корумпираните во затворскиот систем, можеме да го решиме проблемот со телефоните, дрогата и со другите недозволени предмети. Се додека ги имаме нив и додека тие сметаат дека неказниво може да поминуваат, ќе имаме и телефони, и дрога, и недозволени предмети, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

За споредба посочи дека кај нас за девет месеци се најдени околу илјада телефони, додека во Хрватска во 2023 година само 26 мобилни телефони, а во Косово 51 телефон во 2024 година.

– Имаме наследено исклучително корумпиран систем, но она што радува е дека има силна желба да се справиме со тој криминал, рече Пандов.

Во однос на тоа дали е подобро да се стават блокатори како решение за мобилните телефни, Пандов рече дека проблемот е во тоа што денес најголем дел од затворите се опкружени со објекти и доколку се стават блокатори, ќе бидат блокирани и телефоните на граѓаните кои живеат или работат во овие објекти.

– Во Хрватска нема блокатори и нема телефони. Мене ме уверуваат сите кои се долги години во затворскиот систем дека нема подобра работа од правење претреси, рече Пандов.

Информираше дека се завршени и сите процедури околу алките за затворениците и очекува во наредните неколку недели да бидат ставени во функција, а денес е добиено и одобрување од Министерството за финансии за вработување на 171 лице од кои најголем дел се за затворски полицајци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина воведе царини од 84 % на стоки од САД
Следна Статија Управител на приватна фирма од Куманово и двајца службеници го оштетиле буџетот за над 22 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Во Студенчишкиот канал во Охрид утрово избувна пожар на глисер. Пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост

Колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В.…

December 17, 2025
ХРОНИКА

Пронајдена дрога на покривот на затворот Идризово

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека околу 13.00…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Албански државјанин приведен на Долно Блаце баран со меѓународна потерница

На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?