Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
ПОЛИТИКА

Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП

Објавено September 2, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ЛДП, пишува А1он.

Според извори на медиумиот, оваа одлука била донесена на вчерашната седницата на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучи еден од овие партиски кадри.

Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницираше и реализираше повеќе значајни инфраструктурни и урбани проекти во главниот град. Познат е по својот умерен и принципиелен стил на политичко делување.

Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, стана пошироко препознатлив по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата со КОВИД-19, каде јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Во последниве години е активен и во политичкиот живот како член на Советот на Град Скопје, каде настапува критички и со барања за отчетност и одговорност во управувањето со градот.

Освен Пенов, Либерално-демократската партија (ЛДП) низ годините имаше повеќе истакнати кадри кои остварија значајни успеси на локалните избори, особено во Скопје и дел од општините низ државата, како што беа Жерновски во Центар и Костадинов во Виница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“
Следна Статија Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нема напредок: Средба на историската комисија, разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение

Во Софија денеска и вчера се одржа 35. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, соопшти…

April 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да постапи за случајот со…

March 11, 2025
ПОЛИТИКА

ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КОЈ БУЈАР ОСМАНИ ГО ПОТПИШАЛ СО „ЕУРОВИА“: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра

Медиумот Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Сите приказни исти се, тажни ко оваа: Шилегов посвети песна за новото раководство на СДСМ

Поранешните функционери на СДСМ полека но сигурно се изјаснуваат што мислат за „новото“ раководство на СДСМ кое си го оформи…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?