Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој
МАКЕДОНИЈА

Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој

Објавено February 27, 2025 17:16
Сподели
Сподели


„Во Македонија нема заборавени места – рамномерниот развој е наш императив, сакаме да ја зголемиме економската и социјалната стабилност во државата,“ истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостувањето во емисијата „Програма на градови“ на првиот канал на Македонската телевизија. Тој зборуваше за тековните теренски активности во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“. Перински нагласи дека секојдневното функционирање е динамично, но тоа дополнително ја зголемува мотивацијата за интензивирање на работата на терен. Како пример, го посочи денешното присуство во Неготино, каде што се реализираат два од трите проекти за кои општината доби финансиска поддршка од централниот буџет преку првиот повик за финансиска помош за општините.

„Навистина сум среќен што конечно проектите што ги издвоивме веќе го гледаат светлото на денот. Имаше многу предизвици, но докажавме дека нема неразвиени и занемарени региони – рамномерниот развој е клучен за иднината на државата“, изјави министерот. Тој потенцираше дека градоначалниците сега имаат можност да реализираат капитални инфраструктурни проекти со значајна поддршка од централниот буџет. „За проектите што беа подготвени, но немаа финансиски средства, сега создадовме можност. Големо е задоволството што гледаме конкретни резултати – се гради, се развива, а задоволството на граѓаните ни е потврда дека политиките се поставени на здрава основа“, заклучи Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарски специјалци во Република Српска
Следна Статија Тенисерите на турнирот во Акапулко имале проблеми со гасови и надуеност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: До средината на јули треба да стигнат понудите на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси

Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ова не е буцни прачка, пиј вино, се постапува за случаи со дивоградби во Чаир, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Сите ние сме Росица“ – Протест против насилството врз жените – се бара институционална одговорност и санкции

Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

Во истрагата за трагичниот пожар во кочанскиот клуб „Пулс“, кој однесе човечки животи, активно работат 13 обвинители. Републичкиот јавен обвинител…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?