Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?

Објавено March 3, 2026 10:37
Сподели
Сподели

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за поранешниот вицепремиер од владата на СДС, и истакна дека институциите треба независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителство, и кој би седнал до него на обвинителната клупа доколку она што тој би го изнел иницира поширока одговорност за наводни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

,,Многу е важно како постапуваат институциите и тоа е пример како треба да постапуваат институциите особено во делот на извршната власт. Нормално си е обезбеден бегалецов Груби и оставаме судската власт, јавно обвинителската власт да си ја заврши работата онака како што е во секоја европска држава“, рече Петрушевски.

Тој истакна дека неспорен факт е дека Артан Груби ја извршувал функцијата вицепремиер во владата на СДС, при што денес стравот на партијата произлегува од можните сознанија кои тој би можел да ги открие.

,,Но од фактите ние не можеме да избегаме. Факт е дека вицепремиер беше Артан Груби во време на СДС, факт е дека криминалите ги правеше во време додека беше вицепремиер, факт е дека СДС молчеше и не смееше ниту името да му го спомене, а камо ли да му поднесе кривична пријава, како што направила оваа Влада или па да го стави во обвинителни клупи“, истакна Петрушевски и додаде:

,,Најголемиот проблем за СДС е што знае Груби. И што ќе каже Груби во обвинителството, и кој од нив, сите кои што биле со него во владата, ќе седне до него на обвинителна клупа. Тука им е на нив стравот и тука им е на нив паниката и хистеријата и јавувањето на Заев после 5 години, и се она кое што се случува. Затоа што Артан Груби, како прв вицепремиер, ги има сите информации за криминалите кои што ги правела претходната влада на СДС“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Green Party takes Gorton and Denton from Labour in first ever Westminster by-election win – BBC
Следна Статија Man Arrested For Reported DUI Outside of Nancy Guthrie’s Home – TMZ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово

Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово на „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, негира дека имало средба…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници

Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на…

April 17, 2025
ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?