Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери
СПОРТ

Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери

Објавено March 21, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, во своето обраќање изнесе сериозни обвинувања за работењето на претходното раководство на Федерацијата, откривајќи, како што рече, шокантни финансиски и организациски состојби што ги затекнал по преземањето на функцијата.

Тој посочи дека во период од само еден месец – од ноември до декември 2024 година, непосредно пред новото раководство да стапи на должност – биле потрошени околу пет милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот.

„За само еден месец се потрошени околу пет милиони евра. Ние ја затекнавме таа состојба и не баравме изговори, туку веднаш почнавме да воведуваме ред. Само кај трошоците за хотели, чартер летови и авионски билети успеавме да намалиме над еден милион евра. Секој денар го следиме каде оди, бидејќи овие средства не се ничии приватни, туку припаѓаат на фудбалот“, изјави Омерагиќ.

Покрај финансиските нерегуларности, тој алармираше и за сериозни проблеми во евиденцијата на играчи, обвинувајќи дека во времето на претходниот претседател Муамед Сејдини постоел систем со фиктивни фудбалери.

Според него, последната пререгистрација спроведена од поранешното раководство евидентирала 44.996 фудбалери, додека по новата пререгистрација, бројката е сведена на 14.210.

„По 15 години, конечно се става крај на еден застарен и нефункционален систем и се воведува ред преку нов Статут изработен со УЕФА и ФИФА, кој не остава простор за импровизации. Да бидеме искрени, досега не зборувавме за реален фудбал, туку за бројки што не постојат. Разликата од речиси 30 илјади играчи не е мала грешка, туку системска манипулација. Со новите правила тоа завршува – нема повеќе клубови што постојат само на хартија, нема лажни записници и нема фиктивен систем“, потенцираше Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите
Следна Статија Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства во 1992 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Јувентус му врачи отказ на Тудор

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во…

October 27, 2025
СПОРТ

Што си кажаа Винисус и Престиани?

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, негираше дека употребил расни навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот со Реал Мадрид…

February 18, 2026
СПОРТ

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и…

March 22, 2025
СПОРТ

Македонија поразена од Велс, за пласман на СП ќе се бориме по потешкиот пат

Македонија е понижена во Велс. Доживеавме висок пораз од 6-1 кој го заслуживме. Нѐ одигравме ништо ниту во одбраната ниту…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?