Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат
МАКЕДОНИЈА

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Објавено March 30, 2025 11:55
Сподели
Сподели

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар во Кочани.

Деновиве на социјалните мрежи се споделува нивната трагична приказна. Мајката на Ивона, Стојка е единствената жена-пожарникар во Доброволното противпожарно друштво Кочани, кадешто членувале заедно со нејзиниот сопруг Тоше.

Доброволното противпожарно друштво во Кочани неодамна раскажа дека ноќта на 16 март биле на браникот. И покрај сите околности, десетина нивни членови со две возила скокнале во огнот, волонтерски, а сцените кои ги затекнале вечно ќе им бидат врежани во сеќавањата.

„Секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во ови болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво во Кочани.

Претходно и Федерацијата на планинските спортови на Македонија (ФПСМ) изрази најдлабоко сочувство до семејствата на сите жртви од катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани. Од Федерацијата по пожарот известија дека во големата трагедија животот го загубија и младите планинари Ѓорѓи Величков и Ивона Антова.

Планинарите велат дека Ивона била ведро дете, секогаш насмеано, и зрачела со позитивна енергија. Пасијата кон планината ја наследила од родителите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
Следна Статија Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

По убиството на Хебиб во Чаир, кој имаше едвај 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег во своето…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари

Државната изборна комисија разреши 2 Избирачки одбори од 2 избирачки места во Шуто Оризари, откако Управниот суд ги поништи резултатите…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?