Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

Објавено August 14, 2025 20:09
Сподели
Сподели

До Државната изборна комисија (ДИК) во предвидениот рок (три дена од распишување на изборите) за платено политичко рекламирање за локалните избори на 19 октомври се пријавиле 333 медиуми, но од Комисија нагласуваат дека списокот не е конечен бидејќи барањата се проверуваат, а исто така вечерва на полноќ истекува и рокот за доставување на ценовниците. Според Роковникот на ДИК, ценовниците треба да се потврдат и објавата на веб страната на ДИК најдоцна на 24 август.

Според информациите на МИА, најмногу интернет портали се пријавиле за платено политичко рекламирање 257, а надвор од рокот тоа го направиле четири портали. Во рокот се пријавиле и 43 радиостаници, 33 телевизии и осум печатени медиуми.

Од ДИК за МИА наведуваат дека овие барања подлегнуваат на проверка од страна на службите во Комисијата затоа бројката не може да се смета за дефинитивна. Појаснуваат дека печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни ценовниците за платеното рекламирање да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, а радиодифузерите да ги достават до ААВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите, најдоцна на 14 август, 24:00 часот. Овој рок, посочуваат од ДИК, уште тече.

-ДИК е должна да ги потврди и објави на нејзината веб – страна доставените ценовници со просечно пресметаните цени утврдено од радиодифузерите и печатените медиуми, како и да ги објави ценовниците со цените утврдени од електронските медиуми, (интернет порталите), согласно член 75-ѓ став (3) и (9) од ИЗ, во рок од 10 дена од истекот на рокот за доставување на ценовниците, најдоцна на 24 август. Имајки го предвид гореспоменатото, потенцираме дека списокот од табелата не е конечен, посочуваат за МИА од ДИК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест моќни причини да јадете смокви секој ден
Следна Статија Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на жените, мајките и семејниот живот

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Овој празник, кој се…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?