Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија, вели академик Ќулавкова во беседата за лауреатот на СВП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија, вели академик Ќулавкова во беседата за лауреатот на СВП
МАКЕДОНИЈА

Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија, вели академик Ќулавкова во беседата за лауреатот на СВП

Објавено August 24, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа традиционалото поетско претставувањеа добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, словачкиот поет Иван Штрпка.

На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Беседа за лауреатот на највисокото поетско признание во земјава одржа академик Катица Ќулавкова.

Во црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа традиционалото поетско претставување на добитникот на „Златен вецец“ на Струшките вечери на поезијата, словачкиот поет Иван Штрпка. / фото: СВП

Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија. Отвореноста, огледалноста и интертекстуалноста ја прават посебна, оригинална и пријателски настроена спрема читателот. Од тие причини, поезијата на Иван Штрпка е книжевна и духовна придобивка која ги надминува рамките на Словачка. И во случајот со поезијата на Иван Штрпка може да се каже дека – она кое постигнало степен на совршенство, не познава просторни и временски граници“, кажа академик Ќулавкова.

Поезијата на Штрпка ја опиша и како огледална, затоа што, како што рече, во неа се прекршуваат слики од колективната меморија, кои ѝ даваат додатна вредност на интроспекцијата и медитативната перцепција својствена на неговите песни. Без таа огледалност тешко би ја разбрале метафизичката трансформација на поетските слики на Штрпка.

Штрпка е илуминативен пример на духот на модерната словачка поезија која се спротивставува на поетичките и политичките канони наследени од поствоениот комунистички чехословачки амбиент и хронотоп, а се отвора спрема светот и го покажува својот сензибилитет спрема т.н. вечни теми на поезијата, теми профани, теми филозофски, теми етички, теми естетски“, додаде Ќулавкова.

Академик Ќулавкова забележа и дека секоја песна на Штрпка е мал архив на подвижни слики, одломки од стварноста, фрагменти во коишто се рефлектира и интимната, и општествената стварност.

Неговите песни наликуваат на филмски епизоди, а збирките на кусометражни филмови. Освен тоа, песните на Штрпка се поткрепени со семантички пресврти, поенти и досетки“, рече Ќулавкова.

Добитникот на највисокото фестивалско признание изрази Иван Штрпка задоволство што токму тој се вброи во друштвото одлични поети од целиот свет.

За мене е голема чест и признание да ја примам во Македонија наградата „Златен венец“ рече Штрпка / Фото: СВП

За мене е голема чест и признание да ја примам во Македонија наградата „Златен венец“ на еден од најзначајните меѓународни фестивали на современиот свет на поезијата без граници, во Струга. Воедно е и голема сатисфакција да влезам на тој начин во прекрасното друштво на одлични поети од целиот поетски свет, толку важни во сето ова време и за мене. Да се читаме, да се пишуваме, да се истражуваме подлабоко! Нашиот отворен, однапред недовршен повеќеслоен јазик може да биде овде индивидуален, а притоа единствено заеднички. Можеме попрецизно и подлабоко да се разбереме. Тоа е првичниот јазик што се создава во нас и со нас од почетокот. Тоа е важно особено денес, среде несигурниот свет во кој вредностите на нашата перцепција и неговите визии се мошне небезбедно разнишани“, рече Штрпка.

Манифестацијата продолжува со меѓународните поетски читања „Созвучја“ и музичко-поетски перформанс „Ноќ без интерпукција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности
Следна Статија Град со големина на орев ја погоди Љубљана – покриви откорнати, дрвја искршени, штети и на земјоделските парцели (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор на Сиљановска-Давкова со Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев,…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Институциите ад-хок се заштитуваат од сајбер напади

Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?