Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните

Објавено February 21, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека проектот „Безбеден град“ ќе понуди повеќеслојно системско решение за поголема сообраќајна култура. Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено со специјални камери ќе ги снимаат погрешно паркираните возила.

„Дел од имплементацијата на ‘Безбеден град’, во иднина ‘Безбедна држава’, ќе бидат и возила што ќе бидат целосно опремени со паметни камери и при движење во рамките на одредени сообраќајници, улици, ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила. Тие веднаш ќе бидат процесирани во рамките на системот врз основа на компјутерска обработка на податоците што ќе бидат внесени во системот“, рече министерот Тошковски.

Тој нагласи дека имплементацијата на проектот „Безбеден град“ суштински е веќе почната оти од 1 јануари годинава при регистрација на возилата се бара сопствениците да остават електронска адреса и телефонски број. За една година, односно до 1 јануари 2026 година, кога министерот Тошковски очекува да почне да функционира новиот систем за казнување на прекршоците во сообраќајот, ќе бидат собрани податоците од сите возила, што ќе биде основа за новиот систем да почне да функционира.

Пред да почнат на граѓаните да им стигнуваат казни, министерот Тошковски и денес рече дека ќе има тест-период од неколку месеци, во кој ќе бидат само известувани за направените прекршоци.

„Очекувам оној тест-период што го најавивме, бидејќи целта не ни е да ги казнуваме граѓаните сами по себе, туку да ја смениме сообраќајната клутура и да ги намалиме бројките, да го има. Ќе го имплементираме одреден временски период, неколку месеци граѓаните ќе добиваат пораки, ќе бидат известувани кога ќе сторат одреден прекршок, а притоа тој ќе биде констатиран, ќе се уверат дека системот функционира. Од 1.1.2026 година ќе ги овозможиме законските предуслови тоа да биде онака како што треба да биде“, рече министерот Тошковски.

Во тек е измена на 5 закони, односно на Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоците, Законот за возилата, Кривичниот законик и Законот за извршување на санкциите, кои се клучни за функционално системско решение.

Измената на законите министерот Тошковски вели дека е прв приоритет за Министерството. Во наредниот месец ќе се работи на измените на законите и министерот очекува на крајот на март веќе да биде готова првичната верзија за во април измените да влезат првин во владина, а потоа и во собраниска процедура.

Паралелно со измените на законите, министерот Тошковски рече дека интензивно работат и на подготовка за изградба на катна гаража во кругот на Министерството за 500 возила и ги повика градоначалниците и сите други фактори во општеството да го следат примерот и да дадат свој придонес за поголема сообраќајна култура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони
Следна Статија По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Момче се капе во фонтана кај Градски парк (ВИДЕО)

Инстаграм профилот „Патриотско друштво“ сподели видео на кое се гледа како момче се разладува или се капе во фонтаната кај…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таксист среде Скопје насилно им зел пари на брачен пар од Австралија

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?