Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Објавено August 23, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија на ДИК, чии адреси се објавени на веб страната на Комисијата, и кои ќе бидат отворени од 8 до 20 часот непрекинато и за викенд и за празници. Последниот ден од увидот на 11 септември подрачните одделенија на ДИК ќе бидат отворени до полноќ.

-Сукцесивно секој ден, по завршувањето на работното време подрачните одделенија ќе ни доставуваат податоци за дневна евиденција и истите податоци ние наредниот ден ќе ги објавуваме колку граѓани го искористиле ова право по општини и по подрачни ооделенија, рече Кондарко.

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на
подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Со барањето се приложуваат и потребните докази. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат во периодот од 23 август до 11 септември.

Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК, од 23 август до 11 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ja доставува на тужителот по електронски пат. Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.

Барањето за доставување на Избирачкиот список политичките партии го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември.

ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, избирачкиот список го доставува до политичките партии кои доставиле барање до денот на завршување на јавниот увид.

Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид на 12 септември доставува, листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на
распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.

Органот надлежен за извршување на санкциите, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори доставува податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор врз основа на евиденцијата што ја води овој орган до ДИК. Податоците се доставуваат на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). (најдоцна на 18 септември)

Министерството за социјална политика, демографија и млади најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, врз основа на сопствена евиденција и врз основа на доставените податоци од одговорните лица во установите за вонсемејно згрижување, до ДИК доставуваат податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување. (најдоцна на 18 септември)

Основните судови до ДИК доставуваат податоци за лицата на кои со правосилна судска одлука им е целосно одземена деловната способност или делумно одземена деловна способност при што судот утврдил дека лицето нема способност да изрази правно релевантна волја на избори и податоци за лицата на кои им е изречена мерката притвор. (најдоцна до 18 септември)

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите односно најдоцна на 3 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ: Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна
Следна Статија Македонија тагува: Ова се девојчињата кои загинаа, познати се нивните имиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура

Министерот Зоран Љутков очекува дека три-четири месеци ќе потраат процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“

По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?