Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски
ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Објавено April 29, 2025 14:08
Сподели
Сподели

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за да се избегне такво сценарио и кај нас, велат во разговор со дописничката на МИА од Атина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на блек-аутот на Пиринејскиот полуостров.

Конкретното прашање, како актуелна тема, непланирано е во фокусот на деветтиот Балкански енергетски форум што се одржува во Атина, а министерката и првиот човек на РКЕ пренесуваат свое видување за причините, последиците, но и превентивните мерки што би требало да се преземат.

Се осврнуваат и на одлуката за време на Велигденските празници да се исклучст дел од фотоволтаичните централи, за што велат дека е првпат воведена ваква мерка.

Министерката Божиновска посочува дека од 2003 година немало ваков блек аут во Европа, кога беа погодени 56 милиони, а овој пат, вели, сите нè изненади со Португалија и Шпанија и делови од Франција.

Има многу шпекулации за која е причината, сè уште ги немаат точните податоци. За ова разговаравме и вчера на неформалната министерска вечера на маргините на Самитот, кажаа дека ќе има официјална изјава, меѓутоа сè уште не се знае и може да потрае. Но, ова само говори колку е важна стабилноста. Тие имаат многу електрична енергија од обновливи извори. Нивната социјална Влада ги исклучи во Шпанија нуклеарките и сега има доста коментари во врска со тоа, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите, коментира министерката.

Претседателот на РКЕ објаснува дека „во земји каде што има преголем број на извори на обновлива енергија, сосема е очекувано да се случи ова“, додавајќи дека сега треба да се види која е причината“, а се осврнува и на она што се споменуваше дека прекинот бил предизвикан од „редок атмосферски феномен“.

За причината што е наведена, јас како електро инженер немам чуено такво влијание, не сме учеле на факултет. Не знам што е, ќе треба да се истражи повеќе, но, факт е дека ќе има во следниот период такви случувања, поради тоа што обновливите извори добри се, супер се од аспект на заштита на животна средина, но реално од аспект на водење на системот предизвикуваат проблеми бидејќи не е предвидливо нивното производство на електрична енергија, посочи Бислимоски.

Заменик-министерот за животна средина и енергетика на Грција Никос Цафос на Балканскиот енергетски Самит, осврнувајќи се на ситуацијата во Шпанија и Португалија истакна дека „ниту една земја не е енергетски остров, се што се случува влијае во државите во цела Европа“.

Во однос на нашата земја, и министерката Божиновск и претседателот на РКЕ Бислимоски истакнаа дека ние како земја преземаме превентивни мерки за да се избегне шпанско-португалското сценарио.

Ние преземаме доста активности, бидејќи и кај нас има дел на обновливи. Регуларна донесе за Велигден некои чекори и ние ќе се погрижиме тоа да не се случи воопшто кај нас, истакна Божиновска и посочи дека ова е првпат да се исклучи системот.

Бислимоски објасни дека за Велигден, во Европа, координирано сите преносни систем-оператори преземаа соодветни мерки, нешто што се очекува да продолжи и во наредниот период.

Од МЕПСО е побарано таа мерка што важеше за Велигден во наредниот период да се прошири и за првомајскиот празник и да трае и во летниот период некаде до крајот на октомври. Сите механизми коишто се на располагање ќе бидат преземени и ќе видиме. Значи сето ова што се случува е ново и од технички аспект, но верувам дека во овој период ќе има инвестиции и во батериски системи кои делумно ќе го намалат ризикот од испади на системи, во спротивно цела Европа ќе биде постојано под ваква закана поради тоа што се влезе во целосно зелено сценарио. Нуклеарни електрани голем број се затворени во Европа. Исто така и термоелектрани се затворени во Европа и сега знаете, велиме термоелектраните да се затворат, само на обновливи извори, но предизвиците во водењето на системите ќе бидат и те како присутни во наредниот период, објасни Бислимоски.

Дополнително рече дека во Шпанија, сега најдобро е да се направи анализа да видиме што е причината за да може на ова шпанско-португалско искуство и другите преносни систем-оператори да преземаат мерки.

Но, факт е дека Европа вклучувајќи нè и нас ќе биде соочена со предизвици во водењето на системите, а мерки коишто стојат на располагање ќе будат преземени, како што се преземаа и за велигденските празници, и во тие периоди кога се исклучувале фотоволтаиците во Македонија, цената на електричната енергија беше во најголем дел од периодот блиску до нула, а во некои часови дури и негативна. Така да реално и тие што произведувале, кога би продавале би продавале по цени блиски на нула и верувам дека и сопствениците на фотоволтаичните електрани ги поддржуваат овие мерки затоа што би претрпеле поголема штета ако се случи распад на системите во била која земја, истакна Бислимоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза
Следна Статија 15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу…

July 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со новиот Буџет владата не се грижи за граѓаните туку само за удобноста на функционерите

Со Предлог Буџетот за 2025 година, Владата покажа неодговорност и самоволие и крајно игнорантски однос кон потребите на граѓаните но…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Целосно реконструиран Музејот на вода – Заливот на коските од многу големо значење за туризмот во Охрид!

Денес бевме во посета на Музејот на вода – Заливот на коските. Целосно реконструиран овај значаен комплекс кој е од…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?