Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
ХРОНИКА

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Објавено May 9, 2025 13:55
Сподели
Сподели

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна.

Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната пред судот ги наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда за казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски, пред судот побара да се отргне, како што рече, една голема невистини за сега обвинетиот Васил, дека е наркоман, нагласувајќи дека тој е спортист.

– Васил е спортист и за тоа доставувам потврда за членство во бокс клуб, освоени медали и благодарници. Доставувам и потврда од ракометната федерација дека Васил е лиценциран играч за РК Пролет 62 за сезона 2021-22 година, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, нагласи дека не го спорат присуството на алкохол во крвта, но дека во вештачењата нема никакво присуство на дрога. – Тоа судот може да го утврди во направените вештачења, рече Дуковски.

Како докази за висината и одмерувањето на казната, Дуковски, пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освони медали – вицедржавен првак во бокс натпревари и доказ од Ракометната федерација дека е регистриран играч.

Пред Судот, одбраната приложи и видео со времетраење од 36 секунди, за кое адвокатот рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот Васил Јованов непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Обвинителот во завршен збор, рече дека со оглед на даденото самопризнание останува на обвинителниот акт и го повикува судот да го прогласи за виновен и казни по закон, согласно изведените докази.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршен збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи го отежнителните околности дека влегол во возило и управувал без возачка, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје
Следна Статија Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ужас во Битола, 68-годишен беровчанец во хотел силувал 12-годишно девојче

На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството за Вардариште го гони „старо купујем“ оти собирал железо ама немал фирма, а за Дрисла никого оти немало пријава

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за…

September 11, 2025
ХРОНИКА

МВР со кривични пријави против 23 лица во акцијата „Адитив“ за злоупотреба и перење пари

Kривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, перење…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Голтнал две пакувања дрога кога забележал полицајци

Вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48)…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?