Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ
МАКЕДОНИЈА

Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ

Објавено September 22, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Од М-НАВ информираат дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио – сообраќајот.

-Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот. М-НАВ воедно, вонредно ги ангажира своите стручни лица со цел што побрзо враќање на радарската глава Алениа – Бањски Рид во употреба, вели директорот на М-НАВ и претседател на Управниот одбор Владимир Ристески.

Тој појаснува дека М-НАВ располага со три радарски глави. Една покрај Охридскиот аеродром и две на Скопскиот аеродром. Едната на Скопскиот аеродром е во моментов со технички дефект којшто е детектиран и се работи на негово отстранување.

-Ваквите технички дефекти од електронска природа се нормални појави во авијација и кога се случуваат има предвидено соодветни безбедносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услуги кон авио-компаниите во такви околности. М-НАВ ги применува токму тие процедури и во моментов нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај на Скопскиот аеродром. Единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час. Овие регулации ќе останат во сила се до отстранување на дефектот на радарската глава, вели Ристески.

Претходно, дел од медиумите јавија дека еден од радарите на Скопскиот аеродром не е во функција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје
Следна Статија Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф.…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски

Вие младите не сте само иднината на оваа држава-вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?