На 29.08.2025 во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен малолетник, двајцата од скопско поради постоење основи на сомнение дека истиот ден околу 16:40 часот со употреба на физичка сила, од У.Д.(23) од Скопје кој извршувал работни задачи како доставувач на пратки, му го одзеле ранецот со пратки.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.