Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
СПОРТ

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Објавено June 5, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со 2:1. Роналдо го постигна голот за победа, но играч на мечот беше Франсиско Консеисао.

Португалија по 25 години и пет порази во низа успеа да ја победи Германија. На ЕП во 2000 година Португалците славеа над Германија со 3:0 со хет-трикот на Серџо Консеисао, а неговиот син Франциско го иницираше пресвртот за победа.

Германците поведоа на стадионот во Минхен со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц во 48-та минута. Португалците ја загубија топката во својата половина, а по елегантниот центаршут на капитенот Кимих, Вирц со глава ја испрати топката во мрежата.

Сепак, 15 минути подоцна, Португалија израмни со прекрасен гол на резервистот Франсиско Консеис. Фудбалерот на Јувентус, само пет минути по влегувањето во игра, изведе одлична соло акција и со удар од околу 20 метри го совлада тер Штеген.

Пет минути подоцна Португалците го комплетираа пресвртот. Додавањето на Бруно кон Нуно Мендеш ја „пресече“ германската одбрана, левиот бек по земја го проигра Роналдо кој ја испрати топката во празната мрежа.

Роналдо, постигна гол за својата репрезентација по 137-ми пат. Германија не успеа да се пласира во финалето на Лигата на нации ниту во четвртиот обид, додека Португалија ќе има можност да стане првата екипа со два трофеи во ова натпреварување.

Нивниот противник во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Шпанија и Франција, кој ќе се игра во петок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
Следна Статија Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Како Ашковски избега од Иран

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во последен момент избега од Иран каде што настапуваше. Во поткастот на ФФМ тој раскажа каков…

March 6, 2026
СПОРТ

Баерн за Дијаз понуди 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред…

July 27, 2025
СПОРТ

(Видео) Дебакл на Барселона во Севилја

Во шпанската Примера повеќе нема непоразени тимови. Севилја ја декласира фаворизираната Барселона на „Рамон Санчез Пихуан“ и им го нанесе…

October 6, 2025
СПОРТ

Касами со албанско знаме го пречека таткото на репрезентативец на Албанија

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во својата канцеларија го прими Шуип Бајрами, таткото на ѕвездата на Албанската репрезентација, Недим…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?