Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека минатата ноќ Русија извршила масовен напад врз повеќе украински градови, во кој загинале најмалку две лица – 32-годишна жена и нејзиниот двомесечен син, а повредени се повеќе од 20 лица.

Нападите, според украинските власти, претставуваат „нов антирекорд“ со повеќе од 800 лансирани дронови и ракети врз цивилни цели. Првпат од почетокот на војната, на 24 февруари 2022 година, е оштетена и зградата на Владата во Киев.

Покрај главниот град, цел на нападите биле и Кременчук, Днипро, Криви Рог, Запорожје и Одеса, каде што се пријавени значителни оштетувања на инфраструктурата и станбените згради.
Украинската дипломатија обвини дека наместо да се приклучи на мировните напори и да прифати лидерска средба, Москва продолжува со зголемување на бројот на жртви.
„Секој ваков напад е можен затоа што Русија сè уште располага со средства за водење војна. Потребни се разорни санкции, максимален притисок и уште посилно зајакнување на украинските одбранбени капацитети. Нема повеќе време за чекање“, порача Министерството за надворешни работи на Украина.
#SCENE Smoke billowing from cabinet of ministers building in #Kyiv after #Russia‘s attack sets ablaze seat of #Ukraine government pic.twitter.com/g0Bv46qoyW
— ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) September 7, 2025