Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД подготвени да го признаат Крим како дел од Русија во рамките на мировниот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД подготвени да го признаат Крим како дел од Русија во рамките на мировниот договор
СВЕТ

САД подготвени да го признаат Крим како дел од Русија во рамките на мировниот договор

Објавено April 19, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, изјави добро информиран функционер, објави во саботата CNN.

Предлогот, исто така, вклучува и воспоставување прекин на огнот по сегашните линии на фронтот, изјавил претставникот за CNN, додавајќи дека планот им бил претставен на европските и украинските претставници кои се состанаа во Париз во четвртокот.

Мировната рамка беше спомната и во телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Сè уште има делови од рамката што треба да се пополнат. САД планираат да соработуваат со Европа и Украина на ова следната седмица во Лондон, рекол изворот.

Администрацијата на Трамп истовремено планира уште една средба меѓу пратеникот на претседателот Трамп за Блискиот исток Стив Виткоф и руските официјални претставници за да ја усогласи Москва со целокупната американска рамка, рече изворот.

Дека САД се подготвени да го признаат Крим како руски во рамките на мировниот договор во Украина, претходно објави и агенцијата Bloomberg News, повикувајќи се на свои извори.

„САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев“, објави агенцијата додавајќи дека, сепак, Вашингтон сè уште нема донесено конечна одлука за ова прашање, забележува агенцијата.

Покрај тоа, Bloomberg повикувајќи се на извори, објави и дека предлозите што САД им ги претставиле на своите сојузници во Париз, меѓу другото, вклучуваат и одбивање да се разговара за членството на Украина во НАТО.

Според нив, предлозите на Вашингтон имплицираат дека сите територии под контрлоа во моментов на Русија ќе останат под руска контрола, а „аспирациите на Киев за влез во НАТО ќе бидат отстранети од дискусија“.

Руските сили ја презедоа контролата врз црноморскиот полуостровот Крим во 2014 година каде што е историското седиште на руската Црноморска флота.  Русија ја согласно двата референдума на населението на Крим од март 2014 година, ја анектираше територијата потег што мнозинство на меѓународната заедница го смета за нелегален. Украина продолжува да бара суверенитет над Крим, присоедиенет на советската република Украина кон крајот на 1950-те години откако е издвоен од руската советска република а во 1990 година му беше укината автономијата,
и покрај фактот што регионот со големо мнозинство гласаше за приклучување кон Русија на референдумот во 2014 година по државниот удар во Киев поддржан од САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција
Следна Статија Бил Гејтс откри колку пари ќе наследат неговите три деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шокантно убиство во Москва: Пронајден е мртов контраразузнавач во зградата на Министерството за одбрана

Контраразузнавачот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Владимир Фешченко е пронајден мртов во зградата на руското Министерство за одбрана…

January 14, 2025
СВЕТ

Венс: Русија „бара премногу“ за крај на војната во Украина

Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да…

May 7, 2025
СВЕТ

Како телохранителите на Путин со години случајно ги откривале неговите локации

Телохранителите на рускиот претседател Владимир Путин несвесно го откриле своето присуство, а со тоа и на Путин, на неколку тајни…

October 31, 2024
СВЕТ

Индиски тајкун обвинет за измама во Америка: Дал 250 милиони долари мито

Индискиот милијардер Гаутам Адани (62) е обвинет за измама во САД. Американците го обвинија дека платил повеќе од 250 милиони…

November 21, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?