Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори
МАКЕДОНИЈА

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Објавено September 29, 2025 14:33
Сподели
Сподели
Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречува на корупцијата.

Согласно Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, имаа обврска во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на Локалните избори 2025 односно до 18.08.2025 година, до 24,00 часот, да достават податоци до ДКСК за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат институциите.

ДКСК на својата веб-страница го објави Регистарот на службени моторни возила, како законска обврска од Изборниот законик.

Исто така, со цел да се обезбеди транспарентно информирање на јавноста и да се спречи евентуална злоупотреба на службените возила во изборната кампања, ДКСК на својата веб-страница објави податоци за институциите кои немаат доставено податоци за службените возила, како и преглед на податоци за марката и регистарскиот број на возилата од институциите кои не доставиле податоци, а располагаат со службени возила.

Обврска да достават податоци имаа вкупно 1.514 институции според податоците на Централниот регистар на Република Северна Македонија.

До 29 септември 2025 година, 635 институции доставија податоци односно 42%, додека 879 институции односно 58 %, воопшто не доставија податоци.

Од 635 институциите што доставија информации, 63% односно 403 институции тоа го сторија во законскиот рок и пријавија 4.079 возила, додека 232 институции податоците за 2.558 возила ги доставија по истекот на рокот.

Од доставените податоци од 635 институции, во регистарот досега се објавени информации за 578 институции кои располагаат со 6.637 возила, додека 57 институции известија дека не располагаат со возила.

Од вкупно 6.637 возила внесени во Регистарот на возила, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се во возна состојба, а за 178 возила воопшто нема податоци за возната состојба.

Во однос на споредбата меѓу податоците што ги доставија институциите и оние што ги добивме од Министерството за внатрешни работи (МВР), утврдено е дека кај дел од институциите бројот на пријавени возила целосно се совпаѓаат (34% од институциите), но има и значителен број случаи каде што институциите (66% од институциите) пријавиле повеќе или помалку возила отколку што стои во евиденцијата на МВР.

Исто така, постојат и институции кои пријавиле дека располагаат со возила (27 институции), а во податоците на МВР тие возила воопшто не постојат, што укажува на можност возилата да се водат на друго правно лице, но да им бидат дадени или отстапени на користење.

Постојат и податоци за возила со статус на класифицирани информации, поради што истите не се јавно објавени.

Од 879 институциите што не доставиле информации, според податоците на МВР констатирано е дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле никакви информации до ДКСК.

Со оваа пракса се овозможува јавен увид и се поттикнува транспарентност и одговорност кај институциите кои имаат обврска да пријават службени возила, велат од ДКСК

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност
Следна Статија Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марковски објави фотографии од преполни контејнери и купишта отпад: „Градот секое утро треба да е спастрен и дотеран за граѓаните“

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски утрово сподели повеќе фотографии од купишта отпад покрај веќе преполни контејнери. „Ако…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија

„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски веднаш по враќањето од Америка ќе се сретне со синдикалците од УПОЗ

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?