Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката
ПОЛИТИКА

СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката

Објавено March 20, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на денешната прес-конференција од седиштето на партијата упати потсетување до новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за јавно објавените скандали и индиции од нивна страна, за криминал и за бизнис шемите на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката.

„Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите. Го потсетуваме новиот јавен обвинител. Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал што беа јавно објавени од нашиот тим“,вели Фрчкоски.

Фрчкоски вели дека бизнис шемата на Мицкоски личи на енергетски октопод, кој, како што додава, има длабоки и широки пипци, а се вклучени секторите од произвоство и увоз на струја, преку финансии до регулација.

„Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до ‘Руднап груп‘ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Потоа, мрежата се шири во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите оти за секој бизнис потребна е банка. Во РЕК Битола, директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја. И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените“,вели Фрчкоски.

Поради тоа, како што рече, очекуваат итно постапување од институциите за овие откриени бизнис шеми.

„Поминаа три месеци, време е за постапување, доста беше молк. Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди, дека на некого татко не му е татко“,кажа тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите
Следна Статија Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август, вели Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се…

October 18, 2024
ПОЛИТИКА

„Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца

Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе,…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?