Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата
ПОЛИТИКА

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Објавено September 19, 2025 13:54
Сподели
Сподели

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации. Пред неколку месеци, власта најави ангажирање на 400 пожарникари преку општините, со месечен надоместок од 24.000 денари. Им ветија обуки, ангажман, а на најдобрите и трајно вработување. Се спроведе селекција, се направи избор, се анжараа. Поминаа месеци. И што се случува со овие 400 пожарникари по општините? Според информациите кои до нас ги доставија свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата, изјави на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.

Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно?

Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе.

Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита.

Срамно и понижувачко.

Во време на пожари и еколошки катастрофи, оваа власт е неспособна и измамничка.  Наместо да го зајакнат противпожарниот систем и да ја зголемат безбедноста на граѓаните, тие направија евтин ПР.

Кој сега ќе понесе одговорност за оваа катастрофа?

Или и за ова ќе ги обвинувате измислени хибридни напади и центри на моќ?

Со вакви лаги и манипулации, нема да го зајакнете системот за заштита и спасување – само ја губите довербата на граѓаните и ја уништувате безбедноста на државата.

Изгоре 20% од територијата, горат депонии, народот се гуши. Кој во власта ќе одговора за катастрофата со пожарите?“, истакна Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лебот и зејтинот нема да поскапат
Следна Статија Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на…

November 29, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: До 15 август ќе се знаат деталите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека по 15 август…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за црвените линии на Филипче: И комита и јаничар во исто време не може

Претседателот на СДСМ предлага декларација за национален консензус за европската интеграција, а истовремено тврди дека „во ниту еден документ не…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?