Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот
МАКЕДОНИЈА

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

Објавено July 25, 2025 12:23
Сподели
Сподели

На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува трева. Наскоро ќе почне и обновување на двате музеи кои се наоѓаат на тврдината.

Министерот за култра и туризам Зоран Љутков денеска при посетата на Калето заедно со претседтаелот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и неколку градоначлници на скопските општини, истакна дека симболот на нашата историја и култура последниве десетина години е девастиран и без никакво внимание. Информираше дека состојбата е лоша и со двата музеи на Калето за кои, како што рече, ќе треба комплетно обновување на целата механизација и климатизација.

-Направивме план и со ребалансот на буџетот обезбедивме осум милиони денари коишто ќе бидат искористени до крајот на годината. Веднаш ќе пристапиме со распишување на јавна набавка за поправка на овие простории. Подоцна и со реализација на целиот овој огромен проект којшто ќе треба веќе од 2026 година да биде пуштен во употреба, истакна Љутков.

Целта е, рече тој, 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата овој простор да биде еден од најискористените.

 Директорката на Управа за заштита на културно наследство Весела Честоева информираше дека Управата ја спремила техничката спецификација.

-Ќе го распишеме тендерот за да може да се влезе и да се отпочне со работа. Управата за заштита на културно наследство во изминатиот период во неколку обиди проба да стапи во контакт со Градот Скопје, со ЈП паркови и зеленило. За жал, неуспешно. Затоа како Управа инициравме до ЗЕЛС, до Орце Ѓоргиевски и наидовме веднаш на одговор и по тој повод е и денешната акција која што е дел од планот за ревитализација на скопската тврдина Кале, појасни Честова.

Порача дека Управата до крајот на годината ќе успее да ги заврши овие два инфраструктурни проекти и ќе ги стави во функција.

Според претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски за историјата не треба да пишува само на Фејсбук или да се дебатира, туку треба да се покаже со практични примери.

– Историјата не треба да се третира и да се помага во тој дел на Фејсбук пишувајќи статуси, ниту пак водејќи дебати за тоа, туку преку практични примери како треба да си го сочуваме она што е наше наследство, но и симбол на градот. Мене ми е жал искрено за состојбата во која што се наоѓа не само овој објект туку и многу други објекти, истакна Ѓоргиоски кој е и кандидат за градоначалник на Град Скопје. 

Најави дека после локалните избори и Калето, но и сите други објекти во Градот Скопје коишто се историски симбол во градот ќе имаат посебен третман.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
Следна Статија Гаши излезе од болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бектеши да оди во куќен притвор, бара Обвинителството

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа африкански топол бран и пеколни температури до 40 степени

Од утре температурите повторно ќе се зголемуваат. Под влијание на воздушна маса од Африка, во нашата држава температурите ќе се…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста

62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја. Земјотресот што го разурна градот однесе…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?