Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство
ЗДРАВЈЕ

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Објавено August 20, 2025 23:13
Сподели
Сподели

Кардиологот Сашко Кедев денеска истакна дека тужбата, што претходно му ја најави Клиничката болница „Аџибадем Систина“, доколку не прецизира во која приватна болница се врши непотребно стентирање за профит, ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство.

На барањето на МИА за евентуален коментар на заканата од Систина, д-р Сашко Кедев само ја препрати објавата, односно одговорот истакнат на Х профилот на Ганка Цветанова, каде пишува:

„Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство. Looking forward…“.

Претходно, денеска, „Систина“ побара од него да прецизира на која болница мисли во изјавата, заканувајќи му се со тужва за клевета и навреда доколку тој тоа не го стори. Сето ова се случува по гостувањето на Кедев на Канал 77, каде тој изјави дека во приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел да се стекне поголем профит.

-Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции, кои што се профитно ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници, на кои што интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, ние имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или во Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, имаме докази за тоа. Тоа е фасцинантно нешто, за што релевантните институции треба да преземат нешто, пред сè Министерството за здравство и Фондот, бидејќи тие плаќаат некои од овие интервенции. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит, рече Кедев во гостувањето.

Со реакција излезе Клиничката болница „Аџибадем Систина“, напоменувајќи дека е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години, како и дека болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Оттаму нагласуваат дека одлуките за третман и интервенции се носат исклучиво со мултидисциплинарен пристап, базиран на медицински индикации и највисоки етички стандарди.

-По повод изјавите на проф. д-р Сашко Кедев изнесени во емисијата „На врв на светот“ на Канал 77, во која се споменува од страната на новинарот името на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, остро ја осудуваме содржината и пораката на ваквиот јавен настап. Овие тврдења се неосновани, го нарушуваат угледот на нашата реномирана установа и на нашите доктори, и непотребно внесуваат страв кај постоечките и идните пациенти. Ја уверуваме јавноста дека наводите за наводни непотребни хируршки интервенции во една приватна болница, наводно врз основа на профит, се целосно неточни и не може да се однесуваат на „Аџибадем Систина“, затоа што нема основа. Бидејќи во изјавата, д-р Кедев, посочува една приватна болница, притоа не споменувајќи за која станува збор, бараме точно да се изјасни за која приватна болница се однесува неговата изјава. Во спротивно ќе преземеме соодветни правни чекори и ќе поднесеме тужба поради клевета и нарушување на углед, се наведува во реакцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски на кафе со Влатко Стефановски: Ќе го направиме Скопје културно катче
Следна Статија Пронајден среќникот од Словенија: Не се јавил, па во последен миг подигнал добивка од 37 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална…

December 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство.…

January 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак…

January 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Невролозите откриваат активност која придонесува за здравјето на мозокот

Патувањето не е само можност да се избега од рутината, туку и да се подобри општото здравје, вклучително и менталната…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?