Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ
ПОЛИТИКА

Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ

Објавено June 18, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Во рамките на својата акција за разоткривање на трагедијата во Кочани СДСМ денеска објави документи кои го компромитираат јавното декларирање на власта дека нема да има селективна правда.

Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево. Сопственик на фирмата е Анита Салтировска, која е сопруга на началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски, соопшти денеска на прес-конференција портпаролкатѕа на СДСМ, Богданка Кузеска.

На списокот на донаторите, освен фирмата „Салтировски консалтинг“ „може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита, која вршела уплата на донации и од свое лично име“, рече Кузеска.

Таа постави прашања:

„Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на македонската јавност е дали ‘Салтировски консалтинг’, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката ‘Пулс’?

Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите ‘Класик’ и ‘ММММ’ кои управувале со дискотеката ‘Пулс’ на газда Деко?

Дали со транши од Деко на ‘Салтировски консалтинг’ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на ‘Пулс’?

Дали ‘Салтировски консалтинг’ била вмешана и во скандалот ‘Делчевски ниви’ кој магично исчезна од судските процеси?

Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?“

Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс“ ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Богданка Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема
Следна Статија Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ,…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ

Според Извештајот на ДЗР за 2023 година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги…

November 6, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

На вчерашниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место!…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?