Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
БАЛКАН

Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините

Објавено March 20, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Пред една недела, Србија веќе ги намали акцизите за нафтените производи за 20 проценти, што, според Вучиќ, ја чинело државата 35 милиони евра месечно. Тој откри дека земјата лани собрала околу две милијарди евра од акцизата на нафтените деривати.

Со ова намалување на акцизата, уделот на давачките кон државата во цената на литар гориво се спушти под половина од крајната, малопродажна цена.

Горивата во Србија, кои и пред тоа беа меѓу поскапите во регионов, дополнително поскапеа од почетокот на месецов и избувнувањето на кризата на Блискиот Исток, која предизвика проблеми во снабдувањето во поголемиот дел од светот.

Со новото намалување на акцизата, литар бензин од 98 октани ќе чини 188 динари (околу 1,60 евра), додека евродизелот ќе се продава за 212 динари (околу 1,80 евра). Ова се највисоките цени од јануари 2025 година, кога Нафтена индустрија на Србија (НИС), најголемата нафтена компанија во земјата, беше ставена под санкции од Соединетите Американски Држави поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, потсетува Радио Слободна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија
Следна Статија Почина американскиот актер Чак Норис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка…

November 28, 2024
БАЛКАН

На Милорад Додик му е одземен мандатот за претседател на Република Српска

На седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ), на Милорад Додик му беше одземен мандатот како…

August 6, 2025
БАЛКАН

Тројца мртви и 35 повредени во тешка автобуска несреќа во Србија

Три лица загинаа, а 35 се повредени откако автобус што превезувал работници се превртел на патот помеѓу Сремска Митровица и селото…

October 18, 2025
БАЛКАН

Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?