Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен), објавува Нетпрес.
Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но тој доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците Арбен Таравари најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно наместо намерите на коалицијата да се оди со заеднички кандидати и листи.